Таг: голманска одбрана

Давид Де Хеа од Кратово

Далдисани во Лига на шампиони неделава и во ред други спортски збиднувања кои не може да ги пофати човек, сме ја испуштиле потенцијалната одбрана на сезоната во македонската прва лига. Махерот е Љупче Џеков од Силекс кој има само 19 години, кој изведе брилијантна одбрана на гостувањето против Шкупи кое го добија со 0:2. Инаку кратовчани одлично возат за сега и се први на табела под водство на Александар Васоски.

Голманиште број 1 во Македонија

Спиете ли мирно Џиџи Буфон, Франческо Толдо, Џанлука Паљука, Оливер Кан, Мануел Ноер и Столе Димитриевски?

Голман од Либан се пријави на конкурс за одбрана на векот

Ниту го знаеме името на голманот, ниту на клубот, само знаеме дека се работи за Куп натпревар во Либан. Рене Игита да ја види оваа луда храброст, која потсеќа само на неговата епска одбрана со две нозе.

Одбрана на векот и тоа без раце

Кога калта е главен сојузник на голманот, а селскиот фудбал има посебен шмек. Го прочита, нема што.

Третолигашки голман има да се фали во цело маало за интервенцијава против Барса

Интерсити кој е дел од третата шпанска лига, ја изнамачи Барселона во Купот и успеа да и извади 3:3 во регуларните 90 минути. Голот за осминафинале го даде Ансу Фати во продолженијата, а потегот на мечот го има голманот Гаицка Кампос кој со луда парада му го одбрани шутот на Рафиња за 2:4.

Голман лудак

Бразилска втора лига, 95-та минута. Гостите запнаа да израмнуваат, ама изгледа не им било јасно дека си имаат работа со октопод. Како ли само го одбрани вториот удар, кој инаку го распали голманот кој се најде во шеснасетник да помогне?

Франческо Толдо во македонска верзија

Ја имаме одбраната на колото, месецот и сезоната од нашиот драгоцен и ултра атрактивен мак фудбал. Да се наежи човек. 

Митревски става глава, таму каде што други не бранат ни со раце

На пожртвуваноста на голманот на македонската ракометна репрезентација и нема крај. Ланска сезона одбрани силен удар со глава, интервенција која беше прогласена за една од најјаките на сезоната во ЛШ. Еве го сега пак.

Најјаката ракометна одбрана направена во фудбал

Запознајте го Бенто Матеус Крепски, 22 годишно дете на Атлетико Параненсе, кое има само пет прволигашки настапи во бразилскиот шампионат. Нема тука ништо фудбалско во неговата реакцијата, туку класичен ракометен инстинкт, кој е лудачки со оглед на тоа од каде му ја фати. Како пајак му се постави.

Респект за парадава на голманот на Сан Марино

Селекцијата која е на последното 210-то место на ранг листата на ФИФА загуби дома 0:3 од Унгарија во квалификациите за Светско, ама има голман кој синоќа ја направи одбраната број 1 на вечерта. Се вика Елиа Бенедетини и брани за третолигашот Чезена. Секоја чест за парадава.

Од кај го извади рефлексов голманот на Шефилд?

Удавениот Шефилд Јунајтед кој со 11 бода е прв кандидат за испаѓање славеше против ВБА, а пред една недела го совлада Јунајтед. Запознајте им го голманот Арон Рамсдејл. Па ова уште 100 пати да го гледате, ќе бидете убедени дека е гол. Една од најјаките одбрани на сезоната.

Голман споменик

Сака да каже бидете цврсти луѓе и ова ќе помине, а тој е најповикан да дели совети за цврстина.

Од кај сакате шутирајте ми, сè ќе ви одбранам

За херој на колото и месецот во германскиот фудбал дефинитивно треба да биде прогласен голманот Јанис Гелиос. Неговиот Кил го совлада Сент Паули со 2:1 во втората лига, резултат кој висеше на конец бидејќи во финишот беше драма и пол пред неговиот гол.

Спортска среда со страшни голмански одбрани

Како за сред недела убаво освежување беа натпреварите од англиско и француско синоќа, а она што беше доста впечатливо ако следевте се лудите голмански одбрани, особено во Премиер лигата и Лига 1 кои многу влијаеа на резултатите.

Оди на цурава кажи и дека во агол не се брани

Франција е домаќин на Светско фудбалско првенство за жени, Куми Јокохама е изведувач на перфектен слободен удар кој таму шитуран обично го нарекуваат неодбранлив, а Карен Бердсли, инаку голманка на Манчестер Сити, дефинитивно ја има одбрана на Мундијалот.

Како ли се врати ерменскиов голман во колосек?

Најчудната, најспецифичната, а веројатно и најтешката голманска интервенција во овие шест дневни квалификации ја имаше голманот на Ерменија. Сте видиеле ли до сега друг голман два пати да се фрли при еден удар, ама првиот пат во празно?

Голман во Германија ја спречи Пушкаш наградата за 2019-та

Кај се видело до сега ваква атракција со петица на асистенција со ножички? Никаде. Огромна штета што ова не е гол. Со ова ремек дело сигурно ќе завршеше конкурсот за гол годината бидејќи е нешто уникатно и неповторливо, а го спречи голманот на Сандхаусен на мечот против Келн.

А на Шчесни одбранава ја видовте?

Осминафиналето меѓу Атлетико и Јуве беше многу содржајно. Покрај двата гола, имаше два пати ВАР, глумење, провоцирање, како и многу јаки шанси кои ги скротија голманите. Погледнете Шчесни што му фати на Гризман. Со прсти спречи водство на домаќинот во 53-та минута.

Абнормалните одбрани на Тер Штеген со Билбао

Во второто дерби на колото во Ла Лига (првото го доби Реал против Атлетико Мадрид), германскиот репрезентативен голман Тер Штеген беше најзаслужен што Барселона непоразена замина од „Сан Мамеш“ во Билбао.

Ова Меси да го промаши?

Не се случило некој од едно метро на Меси да му одбрани ваков душмански удар и тоа со нога, ама и зошто погобу се засили толку јако да ја удира како да е оддалечен на 30 метри од гол?

Голманишта на колото

Низа јаки, многу јаки голмански интервенции се за издвојување од колово во кое се истакнаа чуварите на головите на Сент Етјен, Лион, Атлетико Мадрид и Лацио. Која од која поубави одбрани.

Што ти бидна бе Курто?

Голман е во австралискиот прволигаш Велингтон Феникс, по националност е Пољак, името му е Филип, а презимето Курто. Толку од нас, остатокот вие ќе треба да ни го објасните.

Пак имаше голмански одбрани за 10-ка

На лудите интервенции на Силесен, Алисон и Облак, синоќа се надоврзаа Андре Онана од Ајакс и Едерсон од Сити. Страшно јако реагираа и двајцата.

Како да има повеќе голови со вака луди одбрани во ЛШ?

Првата вечер од последното коло во Лигата на шампионите не го стигна стандардниот просек на голови, пред сè затоа што Алисон, Силесен, Облак и другите голмани бранеа како мачки.