Никола Митревски ја стартуваше новата сезона со стил. Освои трофеј и изгина на гол само за да ја сочува мрежата.
Порто во финалето на Супер Купот на Португалија славеше против Спортинг со 34:29, а македонскиот голман покажа нова пожртвувана бравура еден на еден, откако одбрани со глава.
Малку додуше му ѕвонеше, но веднаш јуначки застана на нозе како ништо да не било и со насмевка накај клупа даде знак дека е добар.
Порто до трофејот стигна откако ги совлада двата најголеми ривали во португалскиот ракомет. Пред битката со Спортинг, во полуфинале ја елиминираше Бенфика, исто така со пет гола предност.
Со оваа победа Митревски ги врза сите три трофеи годинава со Порто, првенство, Куп и Супер Куп, а два трофеи има освоено и со Бенфика.
Веќе во четврток ја стартува и новата сезона во Лига на шампиони каде минатата сезона стигна до топ 16. Првата средба им е со Мотор.