Браќата Атанасијевиќ имаат по 21 година, Никола Митревски 39. Тоа се 18 години разлика. Некогаш бараа фотографија со славниот голман, а сега се борат заедно и во клуб и во репрезентација.
39 годишниот Никола Митревски со непроценливо 20 годишно искуство во Пелистер, Вардар, Металург, Бенфика, Костанца, Порто е секогаш на висина на задачата кога игра за Македонија. Погледнете ја оваа пожртвувана парада против Франција. Цар.
Македонските репрезентативци се едногласни во однос на спорното судење на денешниот натпревар против Холандија. „Имаат критериум кој повеќе им одговараше на Холанѓаните“, вели Никола Митревски.
Никола Митревски имаше фантастична ноќ во салата Боро Чурлевски кога најмногу требаше, бидејќи триумфот на Еурофарм Пелистер над Висла Плок, за битолчани значи задржување на шансите за пласман во нокаут фазата од ЛШ. Мечот го заврши со 13 одбрани, од кои две се најдоа на социјалните мрежи на ЕХФ.
Еурофарм Пелистер го разби малерот после 20 натпревари во ЛШ или поточно 14 порази лани и 5 порази и едно реми оваа сезона. Ја совлада Фредериција на гости со 23:25, а Никола Митревски ги спобудале Данците со фантастични 15 интервенции од кои 9 во првиот дел. ЕХФ издвои една од пенал, а објави и видео од големото славје на Битолчани.
38-те години на голманот на Македонија се само бројка во неговата лична карта. Рефлексот му работи како да е 10 години помлад. Порто го совлада Целје во ЛШ 32:30, а Митревски беше феноменален со 14 интервенции од кои една инспиративна и за ЕХФ.
Иако до стартот до Европското има уште два месеци и кусур, ЕХФ почна да ја загрева атмосферата, а од македонскиот национален тим објави феноменална одбрана на Митревски против Португалија, која инаку се претвори во асистенција.
Голманот на Македонија уште на стартот од новата сезона во ЛШ, одново остава голем белег меѓу стативите на Порто. Португалскиот тим како гостин против Целје на почетокот на вториот дел имаше негатива од 9 гола, кои успеа да ги анулира со неверојатна серија од 10:1 за победа од 29:30. Митревски блесна со клучни четири интервенции во последните 15 минути, а ЕХФ од тоа се инспирираше и го опиша на посебен начин.
Ракометарите на Порто после 11 кола ја вкусија првата победа сезонава во Лига на шампиони. Падна Динамо Букурешт убедливо со 32:23. Македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите на мечот со вкупно 12 интервенции. ЕХФ му издвои три и напиша: Што ли јадат голманиве за доручек?
На Порто не му оди во Лига на шампиони и го запиша четвртиот пораз, овој пат од Динамо Букурешт 33:27. Но македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој пред три дена наполни 37 години, повторно воодушевува со одбраните. Нанижа вкупно 10 од кои една спектакуларна.
И покрај тоа што на 3 октомври полни 37 години, Никола Митревски продолжува да брани во врвна форма веќе трета сезона во дресот на Порто. Погледнете како им ги ловеше пеналите на двајцата поранешни вардарци на мечот против Загреб во ЛШ.
Порто го запиша и третиот пораз во третото коло од новата сезона во ЛШ, овој пат на гости против Загреб (29:23). Никола Митревски кој на 3 октомври полни 37 години повторно бранеше одлично и успеа да му фати два пенали на Дибиров и еден на Чупиќ. Тимур „лета“ и на 39 години и беше број 1 на средбата со извонредни 10 гола.
Рефлексот на битолчанецот на 36 години во Лига на шампиони е извонреден, а тоа го докажа на еден куп партии во кои се истакна како клучен играч. Браво мајсторе.
Од авион, синоќа право во хотел на вечера со ракометарите, а денеска на натпревар. Колку само вреди овој човек, кој на 36 години брани во животна форма и за Порто во Лига на шампиони и за Македонија. Најсветлата точка во нашиот табор на мечот против Црна Гора. ЕХФ ќе ви покаже зошто.
Никола Митревски пристигна во Дебрецин по неколкуте негативни тестови и најверојатно ќе му биде на располагање на селекторот Кире Лазаров за утрешниот дуел против Црна Гора. Го пречекаа во топ атмосфера, со аплаузи и овации.
На денот на одигрување на првиот натпревар на ЕП против Словенија, голманот Никола Митревски има негативен тест на коронавирус. Се чека дозвола од ЕХФ.
Порто и Барселона го одиграа најдобриот меч на колото во Лига на шампиони. Домаќините иако беа тотален аутсајдер, на полувреме водеа со 17-14, а на крај Барса излезе задоволна со бод 33:33. Нашиот голман Никола Митревски денес во избор на ЕХФ и гледачите, ја има најдобрата одбрана на колото.
Чуварот број 1 на македонската ракометна репрезентација брани во животна форма. Само неколку дена откако влезе како џокер против Фленсбург и блесна, одново беше главна фигура на Порто за кој блесна со 16 интервенции.
Чуварот број 1 на македонската ракометна репрезентација по која знае кој пат ги спушти ролетните, овој пат во улога на џокер за голема победа над Фленсбург од 28:27.
На пожртвуваноста на голманот на македонската ракометна репрезентација и нема крај. Ланска сезона одбрани силен удар со глава, интервенција која беше прогласена за една од најјаките на сезоната во ЛШ. Еве го сега пак.
ЕХФ не ја заборави пантерската интервенција на Никола Митревски против Пиг Сегед и заслужено ја смести во најјаките на сезоната во Лига на шампиони. Погледнете го што направи, се фрли како Џиџи Буфон и со глава му ја фати.
Нов блесок на голманот на Македонија во португалскиот шампионат и тоа во големото дерби Порто - Спортинг. Домаќините славеа 33:30 благодарение најмногу на јуначките интервенции на Никола, особено во клучните моменти на 30:30.