Митревски е луд, во рок од 2 минути фати три живи топки

Никола Митревски на 39 години брани во животна форма и за Македонија и за Еурофарм Пелистер. Битолчани го растурија Алкалоид во натпревар од домашното првенство со 33:20 и го презедоа врвот на табелата во Суперлигата.

После дуелот против Динамо Букурешт во ЛШ, Митревски одново експлодираше на голот со 15 интервенции, па уште и делеше асистенции и даде еден гол. Живи им ги ловеше како локум.

Кај стрелците, Филип Кузмановски имаше 11 гола, пред Богдан Радивојевиќ со 8. Кај Алкалоид најпрецизен беше Мартин Серафимов со 8 подогоци.

Митревски е неприкосновен, жива им ја фати на крај за победа на Еурофарм Пелистер

 

25 февруари 2025 - 08:28