Митревски е неприкосновен, жива им ја фати на крај за победа на Еурофарм Пелистер

Сонот на битолчани за осминафинале во Лига на шампиони сè уште живее. Го совладаа Динамо Букурешт (25:24). Има уште две кола до крај.

Еурофарм Пелистер славеше голема победа во драматичен натпревар, кој беше решен на самиот крај, благодарение на херојот Никола Митревски кој експлодираше со 16 интервенции.

39 годишниот голман на Македонија држи лекции на голот, а во последниот напад му фати жива топка на Али Зеин за делириум во салата Боро Чурлевски.

Пелистер и Висла Плоцк имаат по 8 бодови и се наоѓаат на делба на шестата позиција во групата А, која води во осминафинале.

Во следното коло македонскиот првак ќе му гостува на Фуксе Берлин, а во последниот меч на домашен терен ќе игра со ПСЖ.

21 февруари 2025 - 08:30