Никола е како виното, не го прашувајте за годините
Никола Митревски е поим за искуство и пожртвуваност во нашиот национален тим. На 3 октомври лани наполи 40 години. Ама тоа за него е само бројка за во лична карта и ништо повеќе. Во 2005-та почна во Пелистер. Сега сме 2026-та и пак е во Пелистер. Нема јануарски ракометен поход на Македонија без него. Младите нека слушаат и нека учат.