Митев: Не сум видел до сега некој тим да изведе 12 седмерци

Македонските репрезентативци се едногласни во однос на спорното судење на денешниот натпревар против Холандија. „Имаат критериум кој повеќе им одговараше на Холанѓаните“, вели Никола Митревски.

Никола Митревски:

„Не беше лесно да се бранат брзите Холанѓани, направивме грешки кои ривалот со брз центар и контри успеа да направи разлика и да ја чува до крај. Сигурно не требаше пет разлика да биде на крајот, можеби реално ќе беше еве да кажеме два.

На теренот имавме судии од Скандинавија и на првиот натпревар и сега. Знаеме дека се лесни на свирка, имаат еден критериум кој повеќе им одговараше на Холанѓаните, за нас беше доста тежок. Кога играш против ниски и брзи играчи, тешко е да се браниш при таков критериум. Но, ајде, да не ги коментираме судиите, мечот заврши и тоа е тоа“.

Марко Митев:

„Во прво полувреме требаше подобро да им ја запреме транзицијата. Пробавме да се вратиме, но Данците не ни го дозволија тоа. Не сум видел ни на клупски ни на репрезентативен меч, некој тим да изведе 12 седмерци“.

Павле Атанасијевиќ:

„Доста тежок меч, тешки одлуки, немам коментар, едноставно, тешко многу. Не сметам дека имаше нешто надвор од спортската игра, но имаше одлуки во кои не сакам да навлегувам. Малку послабо игравме со играч повеќе, но ако гледаме генерално, бевме добри, имавме шанси да израмниме, но некои одлуки не беа во наша корист“.

Нов добар настап на Македонија против холандска фурија и строги дански судии 

17 јануари 2025 - 20:58