На минатото Европско дебитираше против светскиот првак Данска и веднаш покажа дека има материјал во него. Две години подоцна, на само 20 години, веќе се истакнува како една од главните алки во играта на нашиот национален тим.
Централниот бек на Алкалоид и иднината на нашиот репрезентативен ракомет, даде многу рационална и точна изјава после поразот на Македонија од Германија.
Го нема на Википедија, ама брзо ќе дојде. Па самото дете е брзо, а се надеваме дека и брзо ќе се развива. Слабо и фотки, ама ископавме нешто од Фејсбук, како се слика со своите идоли, а и една од школо. Што трчање и труд даде против Данците. Браво.