Дава голови од далечина, голови со влезови, разигрува, прави финти, а целата негова игра ја краси еден многу важен белег, а тоа е брзината.
Марко Митев синоќа одигра фантастична партија и беше еден од најдобрите актери на паркетот. Постигна 5 гола со 100% успешност и подели 4 асистенции.
Не само што е многу подвижен и полн со желба за докажување, туку ја користи секоја шанса за да покаже како се игра со жар и борбеност, она што недоставуаше во тимот и што конечно го видовме кај сите наши ракометари.
Бекот на Алкалоид каде премина од редовите од Бутел, едноставно ја раздрмува играта на Македонија и е најголемото освежување во ростерот на Кире.
На негова позиција, како организатор на игра каде го имавме Миркуловски, добивме дете со одлични предиспозиции за квалитетен и модерен среден бек, кој ни дава целодна надеж дека ќе биде иднината на македонската репрезентација.