Пресвртот има име, се вика Никола Митревски

Голманот на Македонија уште на стартот од новата сезона во ЛШ, одново остава голем белег меѓу стативите на Порто. Португалскиот тим како гостин против Целје на почетокот на вториот дел имаше негатива од 9 гола, кои успеа да ги анулира со неверојатна серија од 10:1 за победа од 29:30. Митревски блесна со клучни четири интервенции во последните 15 минути, а ЕХФ од тоа се инспирираше и го опиша на посебен начин.

20 септември 2023 - 22:03