Порто слави во Лига на шампиони два пати по ред во рок од една недела, благодарение на Никола Митревски кој брани маестрално во клучните моменти.
Против Фленсбург го одбрани последниот напад на Германците, а потоа Порто тргна во напад и погоди за победа, а овој пат на гостувањето во Романија при водство од 26:27, фати топка во самиот финиш за нова радоста на неговиот тим.
Митревски натпреварот го заврши со фантастични 16 интервенции, а една од нив беше спектакуларна.
ЕХФ на Твитер прашува дали е ова најдобрата одбрана на колото во ЛШ?
Сите одбрани
После три кола во групата Б, Порто има 4 бода исто колку и Барселона, Веспрем и Кјелце, ПСЖ има 3, Динамо Букурешт и Мотор Запорожје по 2, а Флензбург само 1.
Динамо Букурешт одново настапи без засилувањето од Вардар, Едуардо Гурбиндо, кој ќе почека на своето деби во новиот дрес.