Со врвата форма која ја држи во Порто втора сезона по ред, Никола Митревски беше еден од најзаслужните што неговиот тим синоќа се врати непоразен од Германија.
Флензбург важеше за фаворит на овој дуел од 13. коло во ЛШ, но немаше рецепт за македонскиот репрезентативец кој одигра топ партија со 14 интервенции и 35% успешност на одбранети удари.
Клучната беше пред самиот звук на сирената, кога му го скроти шутот на Менсах Ларсен за конечни 26:26.
Овој бод за Порто е многу значаен во борбата за пласман во нокаут фазата.
Nikola #Mitrevski? ⛔⛔!@FCPorto @SGFleHa #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/3H2Svy56wu
— EHF Champions League (@ehfcl) March 2, 2022