Искусниот чувар на голот на Порто и македонската репрезентација кој брани во топ форма е веќе на пат за Дебрецин.
Само три дена откако излезе дека е лажно позитивен на Ковид, Митревски направи неколку брзи тестови и еден ПЦР тест и на сите се покажа дека е негативен.
Според правилата на ЕХФ, тој попладнево во Дебрецин ќе мора да се тестира уште еднаш и доколку сè биде во ред, тогаш може да се приклучи на тренинг и утре да биде во комбинација за настап.
Никола Митревски е прогласен за голман на годината во Португалија, а сезонава со своите блескави одбрани и статистички податоци е меѓу најдобрите голмани во ЛШ.
Вториот меч на ЕП 2022, Македонија го игра во сабота против Црна Гора со почеток од 18 часот.