Како да има повеќе голови со вака луди одбрани во ЛШ?

Првата вечер од последното коло во Лигата на шампионите не го стигна стандардниот просек на голови, пред сè затоа што Алисон, Силесен, Облак и другите голмани бранеа како мачки.

Јаспер Силесен, голманот на Барселона со неверојатна одбрана по шутот на Лукас Мура:

Алисон во 92’ минута спаси чист гол по шутот на Аркадиуш Милик и го спаси Ливерпул од испаѓање од Лига на шампиони а го прати Наполи во Лига Европа:

Неверојатната одбрана на Јан Облак од Атлетико Мадрид на мечот против Клуб Бриж:

Икер Касиљас во дресот на Порто стигна до 100. јубилејна победа во ЛШ во кариерата и тешко дека некој скоро ќе го стигне. Касиљас синоќа бранеше добро во Истанбул а спаси и една одбиена топка од пенал кон неговиот гол: