Таг: Јаспер Силесен

Ова Меси да го промаши?

Не се случило некој од едно метро на Меси да му одбрани ваков душмански удар и тоа со нога, ама и зошто погобу се засили толку јако да ја удира како да е оддалечен на 30 метри од гол?

Драмската глумечка школа на Барселона

Во 1/8 финалето од шпанскиот Куп Барселона изгуби 2:1 од Леванте. Каталонците играа со втор состав, а од првотимците истрчаа само Бускетс, Видал и Дембеле. До 18’ минута Леванте водеше 2-0 а Барса намали од пенал дури во 85’ минута. Реваншот е на „Камп Ноу“ на 17 јануари. Но оставете тоа:

Како да има повеќе голови со вака луди одбрани во ЛШ?

Првата вечер од последното коло во Лигата на шампионите не го стигна стандардниот просек на голови, пред сè затоа што Алисон, Силесен, Облак и другите голмани бранеа како мачки.

Рефлекс на денот на вториот голман на Барса

Фудбалерите на Спортинг синоќа бркаа осминафинале на Камп Ноу, ама ниту победија, а ниту Јуве загуби во Атина. Тимот на Стефан Ристовски, кој инаку го одигра самиот првиот дел, имаше шанса за 1:1 која не се пропушта, ама на голот беше Јаспер Силесен кој сезонава нема настап во Ла Лига, а овој му е втор во ЛШ. 

Знаеше ли Ван Гал за податоков?

Клишето „Тимот кој победува не се менува“ можеби ќе му завршеше работа на селекторот на Холандија во пенал серијата против Аргентина. Во четвртфиналето против Костарика го внесе мозокот за пенали во вистински момент, но синоќа не го стави во план. На голот до крај остана Јаспер Силесен кој никогаш во кариерата не одбранил пенал.