Клишето „Тимот кој победува не се менува“ можеби ќе му завршеше работа на селекторот на Холандија во пенал серијата против Аргентина. Во четвртфиналето против Костарика го внесе мозокот за пенали во вистински момент, но синоќа не го стави во план. На голот до крај остана Јаспер Силесен кој никогаш во кариерата не одбранил пенал.