Зошто на Скопје му треба вовче

Се случило тоа во 1960-та година во една психијатриска болница. Како резултат на негрижата на болничкиот персонал и чуварите, од лудницата еден ден успеале да побегнат 243 пациенти.

Поради страв од тоа што сè може да се случи со толку многу пациенти по улици, ситуацијата барала брзо решение. Директорот на болницата го повикал доктор Џамал кој добро ги познавал пациентите и побарал од него да смисли начин како сите тие луѓе што побрзо да се вратат кај што треба.

Докторот замолил неколкумина од персоналот да застанат зад него како вовче и така да излезат на улица, испуштајќи звук на локомотива.

Се случило токму она што докторот очекувал. Кога го слушнале и виделе вовчето, раштрканите пациенти почнале да се фаќаат за него и се вратиле во болницата.

Но, се појавил нов проблем.

Бројот на избегани пациенти бил 243, а по враќањето на вовчето, во болницата стигнале дури 612 луѓе.

 

 

18 август 2022 - 10:45