Таг: алисон бекер

Дојди земи ja кај чичко ти Бекер ако можеш

Четата на Јирген Клоп целосно ја оправда фаворитската улога на првото четвртфинале против Бенфика кое го доби со 1:3. Алисон Бекер си дозволи да прави и керефеки, па си поигра еден на еден.

Двете најјаки одбрани се случија во Мадрид и Амстердам

На 8 средби паднаа дури 35 гола во Лига на шампиони, а да немаше вакви паради ќе беа и повеќе. Внимавајте добро на 37 годишниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер и на Алисон Бекер. УЕФА прашува која е за број 1? Спречени егзекутори беа Халанд и Гризман.

Епско навивачко вриштење за голот на Алисон

Ова е тоа што фали едно 14 месеци во фудбалот. Крикот на навивачите кога ќе падне гол, посебно волку важен и тоа на голманот на Ливерпул во 95-та минута кој ги одржа шансите за ЛШ. Побудалеа од радост.

Најлудиот гол во Премиер лига го даде голманот на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул едвај го победија Вест Бромвич Албион во 36. коло од Премиер лигата. При резултат 1-1 голманот Алисон Бекер во 90+5' минута од судиското продолжение постигна невозможен гол со кој ги остави црвените во сериозна борба за место во Лига на шампиони.

Карагер офкаше од мака на грешките на Алисон

На шампионот на Англија му се случи потоп дома со Манчестер Сити, а два од четирите гола кои ги примија одат директно на душа на Алисон Бекер кој реагираше како да е почетник. Џејми Карагер е хит со реакцијата за која го ремети и Невил.

Колку значи да имаш јак голман во екипа

Ќе речат голманот во ракомет е пола тим, ама таа теза држи многу вода и во фудбал, особено во едно натпреварување како Лига на шампиони каде нијанси знаат да одлучуваат. Со Алисон Бекер на голот немаш зима. Дечкото е маестрален и сезонава, а два и пол месеци беше повреден.

Како ли успеа вака сам да се повреди?

Не се сеќаваме да сме виделе голман да ја рогне и потоа да легне на земја со грч на лицето. Но да не јадеме гурабии, Клоп веќе даде изјава дека Алисон Бекер го изнеле со количка и дека не изгледал добро. Дали е истегнување или нешто друго, ќе кажат лекарите.

Кошмарот на Меси се вика Алисон Бекер

Првиов некои го сметаат за најдобар фудбалер на денешницата, ама другиов е најскап голман во историјата кој уво не го боли што Меси е толку јак. Го сотре во три нокаут фази по ред со три различни дресови и тоа без примен гол.

Најважните факти од Премиер лигата сезонава

Готово е. Англиското првенство заврши на неверојатен начин, со борба за титулата до последно коло. Ја освои бранителот на трофејот Сити чијшто тренер стана еден од тројцата кои го направиле овој подвиг.

Како Рома ќе земе 6 милиони евра зошто Ливерпул не примил гол?

Иако не игра во иста група со Ливерпул ниту има некаков меѓусебен скор во тековното издание на Лига на шампиони, Рома благодарение на една ставка од еден договор ќе лапне 6 милиони евра.

Како да има повеќе голови со вака луди одбрани во ЛШ?

Првата вечер од последното коло во Лигата на шампионите не го стигна стандардниот просек на голови, пред сè затоа што Алисон, Силесен, Облак и другите голмани бранеа како мачки.

Ако не па Кариус да го вратат

Со головите на Мане и Фирмино, Ливерпул го совлада Лестер и ја запиша четвртата победа на четири меча во Премиер лига. Но мечот остана во сенка на кардиналната грешка на астрономски скапо платениот голман на Ливерпул, Бразилецот Алисон.

Каде оди фудбалот - Челси даде 80 милиони евра за голман

По неколкудневни преговори шпанскиот голман Кепа Арисабалага премина од Атлетик Билбао во Челси за вртоглави 80 милиони евра и стана најскап голман во историјата!

Како навивачите на Ливерпул го пречекаа Лорис Кариус?

Германскиот голман во Ливерпул ќе биде запаметен по катастрофалните грешки во финалето од Лига на шампиони против Реал. После тој меч Кариус беше исмеван по социјалните мрежи, добивал закани по телефон, клубот му најде замена во Бразилецот Алисон, а единствени кои го почитуваат се навивачите кои на пријателската против Торино го пречекаа со овации:

Меси меѓу голманите кој се откажал од кариерата манекен за да брани

Тивко пристигна од Бразил во Европа, ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во моментов Алисон Бекер е еден од најдобрите голмани на светот по многу параметри.

Што голманиште ќе беше овој Алисон Бекер за кој загриза Реал

Кога од резервен и анонимен голман од Бразил, ќе добиете мачка која фаќа сè можно и не прима гол на повеќе од половина натпревари кои ги бранел во првенство, тогаш јасно е дека се работи за нешто опасно кое се пушти да го лови и Флорентино Перез.

Споменик за Бруно Перес ако Рома оди понатаму со 1:0

Сите зборуваа за чудесната одбрана на Де Хеа кој го спаси Јунајтед од пораз на првиот осминафинален дуел од ЛШ со Севиља. Паралелно на другиот дуел во Доњецк се случи иста, па и бетер по откачена одбрана.