Бидејќи не е далечно, сигурно се сеќавате дека Рома во сезоната 2017/2018 дотурка до полуфиналето на ЛШ откако во четврт направи сензационален кам бек против Барселона (4:1 на Камп Ноу, 3:0 во Рим). Кој има добра меморија ќе се сети какви луди интервенции имаше голманот по име Алисон Бекер.
Го имаа втора сезона во екипа, а го купија од бразилски Интернасионал. Првата сезона беше во сенка на Шчесни, ама со втората си заработи трансфер вреден 72 милиони евра со што стана најскап голман со историјата. Дестинација - Ливерпул со кој во деби сезоната стана европски шампион.
Рома благодарение на бразилското откритие не прими гол на Олимпико во ЛШ се до полуфинале со Ливерпул. 22 средби без примен гол, 17 во првенство и 5 во ЛШ.
Во Ливерпул продолжи во ист стил и уште првата сезона му беше како од соништата. Со 21 clean sheets во Премиер лигата ја освои наградата Golden Glove (награда за голман со најмногу натпревари без примен гол). Да е само тоа.
Тој беше еден од клучните играчи на тимот кој втора сезона по ред стигна до финалето во ЛШ, а во нокаут фазата овој пат во друг дрес, повторно со своите луди одбрани ја елиминираше Барселона и тоа повторно со епски пресврт. Овој пат во полуфинале, 3:0 на Камп Ноу, 4:0 на Енфилд. Во финалето против Тотенхем 2:0 имаше осум интервенции.
Алисон сезонава му се приклучи на Ливерпул дури на 20 октомври, бидејќи се повреди на стартот на сезоната на 9 август, но повторно брани во топ форма во клучните моменти.
7 saves tonight
— Carson (@WC_LFC_Torres) December 10, 2019
Alisson coming up big to make sure we go through to the round of 16 in the last game of the group stage.....for the second year in a row pic.twitter.com/PczOpOj4PN
Alisson’s double save in the first 5 minutes have me hope that we might win the match.
— Fardiel TOP RED_LFC 🏆🏆🏆🏆🏆🏆 (@FardielFma) December 11, 2019
That was the key moment in the match for me.
It could be the key moment of the season as well
Ова се тие две одбрани
И сега погледнете го овој податок. Кога Ливерпул морал да победи синоќа против Салцбург и минатата сезона против Тотенхем (финале), Барселона (полуфинале) и Наполи (групна фаза), тој замислете имал 23 одбрани од 23 шутеви. Каква статистика.
Alisson Becker in Liverpool’s last four “must-win” UCL fixtures (Salzburg, Spurs, Barca, Napoli)
— Alex Mansfield (@el_mansfield) December 10, 2019
• Saved 23 of 23 shots
• 15 saves from shots inside the box
• 4 big chances saved pic.twitter.com/IViUFadfnU
Навивач на Ливерпул искоментирал дека со Алисон има чувство на смиреност кое не го доживеале навивачите со Мињолет, Кариус, па дури ни со Реина.