Маж од педесетина години излегол на терасата во својот дом и запалил цигара. Станот му бил сместен во бразилската населба наречена Нов Хамбург каде живеат претежно етнички Германци. Мал и неудобен стан чијшто кров од времето протекувал. Но стариот се справувал со тоа.
Единствено нешто што го нервирало биле комшиските деца - пар клинци кои не престанувале да лупаат со топка од утро до мрак. Неговиот германски стремеж за ред и поредок не проаѓал, тој им се обраќал и на родителите на децата со цел да ги смират, но залудно.
Еднаш таткото и мајката, Хозе и Магали Бакер отишле да пазарат а ударите зад вратата од детската доба ги сменил звук на скршено стакло. Стариот комшија ги острел мустаќите и промрморел: „Ќе игра каишот на Хозе“. Децата се убедувале: „Ќе добиеш ќотек од тато“, рекол Муриел. „Не, ти си постар, ти требаше да пазиш“, довикнал Алисон. На крај и двајцата добиле голем ќотек.
После 14 години голманот на бразилскиот Интернасионал Алисон Бекер го раскажал овој настан за бразилска телевизија: „Имавме мал дом и мала соба па затоа родителите ни ставија кревети на спрат за да отворат простор. Празното место меѓу креветите го користевме како гол и игравме на пенали. Така и го скршивме лустерот“.
Nuovo Hamburgo (Нов Хамбург) се појавил на картата на државата Рио Гранде де Сол во 1927. година. Оваа населба ја основале Германци кои мигрирале на почетокот на ХХ век од Европа во Бразил. Меѓу основачите на ова место биле и предците на Алисон Бекер - неговото семејство било карактеристично германско-еврејско.
Малиот Алисон не сакал да брани, не го привлекувала таа позиција. На гол застанувал зошто бил најмал во тимот. Татко му настојувал Алисон да биде посветен на школото и религијата зошто се помирил дека другиот син Муриел не сакал да учи и само мислел на фудбал.
Но Алисон ги убедувал родителите дека ќе успее и таму и таму и на 10 години се запишал во школата на Интернасионал. Мајка му и татко му се помириле и до осмо одделение малиот одел на тренинзи и учел навечер. Го избрал фудбалот но не заборавил на желбата на татко му.
„Секогаш сум во тек со вестите. Од време на време читам книги. Многу често ја отворам Библијата, многу сум приврзан со религијата и со Исус. Скоро ја прочитав мотивационата книга „Пеколна недела: Седум дена кои ќе го сменат твојот живот“ од Ерик Бертран Ларсен. Ми остави страшно голем впечаток“, вели Бразилецот.
Освен со слабите оцени и незадоволниот татко, Алисон се мачел и со проблеми со лицето и вишок килограми. Врсниците често го исмевале, а тој се бафтал со диети, таблети, апчиња и масти - но ништо не му помагало. На крај се помирил со исфрленото лице и кога никој не очекувал после една година се извишил седумнаесет сантиметри, ослабнал а кожата му станала како бебешка за рекламен спот.
Три години подоцна толку многу се развил што станал прв голман на младинската репрезентација на Бразил (земја со околу 109 милиони жители).
Еднаш кога шетал низ трговски центар му пришла некоја девојка и го прашала дали би сакал да проба нешто ново: „Девојчето беше од модна агенција. Ми кажа дека сум бил идеален тип за подиум. Се насмеав и и кажав дека единствена цел ми е само да играм за Интернасионал“.
Во тоа време Алисон изгледал како идна ѕвезда меѓу манекените: Висок, згоден, со сини очи и темен тен. Неговата сопруга Натали признава дека го надгледува својот маж.
Тој е мошне популарен меѓу жените, неговите акаунти на социјалните мрежи се преполни од коментари на девокји а на улица не можат да кренат глава од обожавателки кои бараат да се фотографираат и автограми.
Бекер дебитирал за првиот тим на Интернасионал на 20 години на натпревар од Лига Гаучо против Крузеиро од Порто Алегре. Неколку сезони конкуренти му биле Роберто Абонданзиери, Ренан, Дида и брат му Муриел.
„Мој идол меѓу голманите е Џиџи Буфон. Му се восхитував и на Дида. Во Бразил страста за фудбал е огромна. Секој играч знае дека треба да даде се од себе инаку на улица може да има непријатности. Дида мене многу ми помогна - од него научив за одговорноста за резултат“, рекол Алисон после дебито.
Пола година по дебито Алисон му го земал местото на 41-годишниот сонародник. Дебито во бразилската серија А го имал во август 2015-та. А веќе една година подоцна во август 2016-та застана на голот на Рома (трансферот изнесувал 7,5 милиони евра) и тоа на Драгао против Порто во плејофот на Лига на шампиони: мечот заврши нерешено, а Порто единствениот гол го даде од пенал.
Бразилскиот голман не го импресионирал тогашниот тренер Лучано Спалети па на реваншот голот го чуваше Војчех Шчесни. Тоа се испостави како погрешна одлука зошто Порто ја згроми Рома на „Олимпико“ и Римјаните завршија во Лига Европа.
Алисон брзо се адаптирал на животот во Рим но потешко му одело на теренот поради тоа што во бразилската лига голманите бранат во олд-скул стил и не излегуваат многу од својот простор. А Спалети барал од својот голман активно да учествува во играта за што овој не бил спремен.
„Мислам дека ротација на голманите не е од полза. Во Бразил се привикнав да играм постојано. Додека преговаравме тренерот кажа дека Војчех ќе брани во првенството а јас во Лига Европа но јас решив да работам повеќе. Башка што фудбалот во Италија е многу поинтензивен, но ќе се привикнам“, рекол во интервју за O Globo за својот почеток во Рома.
„Бекер ги има сите квалитети да игра за најдобрата екипа на светот и за репрезентацијата на Бразил, а седи на клупа во Рома. Ризик е да ставиш голман без пракса“, додал пред една година Клаудио Тафарел, тренерот на голманите во репрезентацијата на Бразил и најголем обожавател на Алисон Бекер.
Тафарел му предложил да смени клуб. Така и самиот направил пред златното Светско првенство 1994 година кога преминал од Парма во Реџина за да брани повеќе.
Алисон го послушал и во 2017-та и поставил ултиматум на управата: или ќе бранам или да си одам. Лучано Спалети тогаш веќе го презеде Интер а Рома ги завршуваше преговорите со Ди Франческо. На некогашниот тренер на Сасуоло му требал таков висок и добар голман а питоа Шчесни замина во Јувентус.
„Пред стартот на сезоната ми се јави мајка ми и ме праша: А зошто не го смениш името на дресот: Алисонци има многу, а Алисон Бекер е само еден. Ја послушав и го сменив дресот во А. Бекер за полсно читање. Сега луѓето го знаат моето презиме“.
Ребрендингот со дресот тргнал на добро. На 11 старта како прв голман во Серија А, Алисон примил само 7 гола а против Атлетико Мадрид во Лига на шампиони правеше чуда на голот и во 92. минута неверојатно го одбрани шутот на Коке од шест метри.
„Алисон сега е еден од најнеоценетите голмани во Европа. Тој има извонредна реакција, одличен е и во еден на еден - тешко е да го пробиеш од далеку. Бекер сјајно работи со топка во нозете а тоа значи дека добро се снаоѓа во игра каде одбраната е високо поставена“, раскажува британскиот експерт за Серија А Блер Њумен во интервју за This Is Anfield.
Минатава зима Ливерпул се помири со очајните Кариус и Мињоле, го купи Вирџил ван Дајк и потајно сакаше моќна инјекција на голот. Според информации на Sky Sports скаузерс предложиле 62 милиони фунти за првиот голман на Бразил, но вратата им била затворена.
„Сите одамна сфатија дека дечкото е феномен. Тој е Меси меѓу голманите зошто имаат сличен менталитет. Алисон може да стане херој на епохата. Не би го споредувал со Донарума, туку со Дино Ѕоф. Врувајте ми дека се разбирам во голманите. Алисон ќе брани сјајно уште минимум 10 години. Рома мора да го задржи“, рекол Роберто Негрисоло, тренер на голманите на Милан којшто ги славел сите можни титули со клубот.
Во просек Алисон има по 2,56 одбрани по натпревар. Статистички тој е најдобар играч на Рома. Притоа селекторот на Бразил, Тите има целосна доверба во Алисон и го постави за прв голман пред Едерсон кој има одлична сезона во Манчестер Сити и ќе стане шампион на Англија.
Во февруари Тите го ставил Бекер на списокот од 15 играчи кои СИГУРНО ќе патуваат на Светското во Русија.
По затворањето на трансфер преодниот рок италијанскиот трансфер агрегатор Calciomercato пишуваше дека Рома би го пуштила Алисон само за 90 милиони евра. Спортскиот директор Мончи работи на новиот договор на Бразилецот.