Неверојатно звучи податокот дека од 1892 година, Бразилецот Алисон Бекер е прв голман на Ливерпул во целата историја кој дал гол:
𝐀𝐁𝐒𝐎𝐋𝐔𝐓𝐄𝐋𝐘 𝐈𝐍𝐂𝐑𝐄𝐃𝐈𝐁𝐋𝐄. pic.twitter.com/zbKdD9OrI7
— Liverpool FC (@LFC) May 16, 2021
И покрај тоа што тимот на Сем Алардајс веќе одамна е испаднат од Премиер лига, „црвените“ од Енфилд Роуд се изнамачија да стигнат до 3 злато вредни бода.
Сега Ливерпул е на 5. место со 63 бода, 1 помалку од четвртиот Челси и три бода помалку од третопласираниот Лестер. Токму овие два тима Челси и Лестер играат меѓу себе во следното коло што значи дека Ливерпул би можел да искористи.
„Сакав да бидам во шеснаесетникот за да им помогнем на соиграчите со тоа што ќе навлечам макар еден дефанзивец на себе. Сепак никој не ме чуваше и се случи тоа што се случи.
Стварно не може да се објасни, ама мислам дека тоа беше Бог кој ја стави раката на мојата глава. Се чувствувам благословено...“, изјави Алисон Бекер после мечот.
Се чудел и Мануел Ноер:
Еден од првите кој му честиташе на Бекер после мечот е тренерот на голманите на Ливерпул Јон Ахтерберг. Во прегратка на Ирецот, голманот на „црвените“ се расплака.
Алисон немаше лесна сезона. Го критикуваа дека е главен кривец за поразите од Сити и Лестер. Најголема трагедија во неговиот живот се случи во февруари кога татко му Жозе Бекер се удавил во езеро во Бразил.
ПОСВЕТА ЗА ТАТКО МУ ПОСЛЕ МЕЧОТ
„Полн сум со емоции, после се што ни се случи на семејството и на мене. Фудбалот е мојот живот, откако знам за себе играв фудбал со татко ми. Се надевам дека можел да го види ова. Сигурен сум дека заедно со Бог сега слави“, изјави голманот на бразилската репрезентација после натпреварот.
Импресиониран беше и Јирген Клоп:
„Невероватен удар! Никогаш не сум видел такво нешто. Прво помислив дека не гледам баш најдобро... Знам колку му значи голов на Алисон зошто сме многу блиски. За некои фудбалот е фудбал, а за нас е целиот свет“, рече Клоп.
Интересно уште кога бранеше за Рома во Италија, Алисон раскажал дека на времето ако не станел голман сигурно ќе станел напаѓач. „Поубаво е да се даваат отколку да се примаат голови. Јас преферирам да бидам голман но напаѓач е исто одлична позиција но и поголема одговорност“.
До крајот на сезоната Ливерпул игра со Барнли и Кристал Палас. Во финишот влегува од 5. место со 1 бод помалку од Челси и 3 бода помалку од Лестер кои играат меѓу себе. Бразилецот стана шести голман во историјата кому му успеало да даде гол во Премиер лига. Претходно голови давале: Петер Шмајхел, Асмир Беговиќ, Тим Хауард, Бред Фридел, Пол Робинсон. Четворица од нив (без Фридел и Асмир Беговиќ) имале и асистенции за гол.