Од кога се игра фудбалот никогаш никој не платил повеќе за голман, а овојпат во само три недели светскиот рекорд два пати се сруши - двата трансфери на голмани ги направија англиски клубови.
На крајот од јули Ливерпул од Рома го купи бразилскиот репрезентативен голман Алисон Бекер за 62,5 милиони плус бонуси. 19 дена подоцна Челси реши да најде замена за Тибо Куртоа која моли да замине во Реал Мадрид.
Неверојатно, до пред еден месец рекордот меѓу голманите речиси две децении го држеше Џанлуиџи Буфон кој пред 17 години замина во Јувентус од Парма за 52 милиони евра.
Сега 23-годишниот Шпанец Кепа е најскапиот шпански фудбалер во историјата. Доскорешен лидер беше Алваро Мората за кого исто Челси плати 65 милиони евра а пред него прв на листата беше Фернандо Торес за кого Роман Абрамович му изброи 58 милиони евра на Ливерпул (јануари 2011).
За тоа што Баскијците барале толку многу пари до некаде е „виновен“ и Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ долго време се вртеа околу голманот и дури во јануари годинава го викнала на медицински прегледи. Флорентино Перез бил спремен да даде 20 милиони евра.
Но Атлетик успеал некако да го одбие Реал Мадрид, потпишале нов договор со младиот талентиран голман (до 2025) и за трансфер барале абнормални 80 милиони евра!
За репрезентацијата на Шпанија Кепа има само еден настап од 90 минути (5:0 на пријателска против Костарика во ноември) иако Хулен Лопетеги регуларно го вика во селекцијата уште од минатата пролет. Фернадно Јеро кој неочекувано стана селектор на ден пред почетокот на Светското го држеше Кепа на клупата а прв голман беше Давид Де Хеа кој имаше слаби настапи во Русија.
Кепа е дете на Атлетик Билбао и како сите фудбалери на овој клуб е роден Баскиец. Во првиот тим го прекомандувале пред 6 години но дебитирал дури во сезоната 2016/2017 - кога тренер беше Ернесто Валверде кој сега ја води Барселона.
Минатата сезона во Ла Лига Кепа фатил два од три пенали и имал дури 64 одбрани на удари од слободен удар што беше трет најдобар учинок меѓу голманите во Пример.
Кепа сезоната ја заврши и како лидер по точни дегажмани (вкупно 368 прецизни далечински додавања), иако кај Маурицио Сари ќе игра сосема друг стил на фудбал.
Со овој трансфер, Атлетико Билбао круниса апсолутно неверојатен период од 4 години во кој заработи страшни 221 милион евра!
Главни продажби на клубот од 2012 година се: Хави Мартинез (40 милиони во Баерн Минхен), Андер Ерера (36 милиони во Манчестер Јунајтед), Емерик Лапорт (65 милиони во Манчестер Сити) и Кепа Арисабалага (80 милиони во Челси).
НАЈСКАПИ ГОЛМАНИ ВО ИСТОРИЈАТА:
Кепа (од Атлетик Билбао во Челси) - 80 милиони евра
Алисон (од Рома во Ливерпул) - 75 милиони евра
Буфон (од Парма во Јувентус) - 53 милиони евра
Едерсон (од Бенфика во Манчестер Сити) - 40 милиони евра
Нојер (од Шалке во Баерн Минхен) - 30 милиони евра
Пикфорд (од Сандерленд во Евертон) - 28,5 милиони евра
Толдо (од Фиорентина во Интер) - 26,5 милиони
Де Хеа (од Атлетико Мадрид во Манчестер Јунајтед) - 25 милиони
Лено (од Баер Леверкузен во Арсенал) - 25 милиони
Мерет (од Удинезе во Наполи) - 22 милиони плус бонуси.