Јунак на Ливерпул на мечот против Наполи не беше Салах, туку беше голманот Алисон Бекер.
Ај што неколку пати одбрани маестрално, туку буквално во самиот финиш, во 92’ минута излезе како победник во дуелот еден на еден со шпицот Аркадиуш Милик. Тука Ливерпул да примеше гол, ќе испаднеше, Наполи ќе одеше во осминафинале, а „црвените“ ќе се задоволеа со Лига на Европа.
За нивна среќа Алисон ги спаси, а ја спаси и Рома која што благодарение на таа одбрана ќе заработи фантастични 6 милиони евра. Како?
УЕФА за сезонава го зголеми наградниот фонд во Лига на шампиони и Лига Европа, па така според критериумот Market pool (вкупен фонд од 168 милиони евра само за оваа ставка за тв права и реклами), одредена сума на пари ќе добијат клубовите во зависност од нивните настапи во групната фаза.
Со оглед на тоа што Наполи и Интер испаднаа од Лига на шампиони, а Рома се пласираше понатаму, тоа ќе значи дека Римјаните ќе добијат дури 40% од гарантираната сума или 6 милиони евра сигурни од оние предвидени за италијанските клубови од вкупниот приход на УЕФА.