Бразилскиот голман киксна два пати во рок од три минути и практично им ја додаде топката на гостите, а тие го казнија набрзина прво за 1:2, а потоа и за 1:3.
Ливерпул со него стана англиски, европски и светски првак, го платија 72 милиони евра со што стана најскап голман во историјата и ваков катастрофален настап немал откако е дојден на Енфилд.
Изгледаше како здрвен, а токму тоа е дел и од изјавата на Јирген Клоп кој сепак застана во негова одбрана и покрај поразот од 1:4.
„Алисон погреши, но не го обвинувам. Можеби му беше ладно, можеби нозете му беа здрвени, но тоа е фудбалот. Тој не спаси милион пати, не можеме да го обвинуваме за неколку грешки иако тие го одлучија победникот“, рече стратегот на Ливерпул.
За малку ќе имаше и трет кикс откако делуваше некако тромаво кога требаше да додаде топка под протисок на пресинг. Џејми Карагер реагираше очајно за време на преносот, а Гери Невил по мечот изјави дека звукот од неговото офкање ќе го стави како ринг тон на телефонот.
За Ливерпул ова е прв пораз на домашен терен од Манчестер Сити по 18 години и сега е на четврта позиција со -10 од лидерот кој има и натпревар помалку.
Сите 5 гола од дербито на колото.