Таг: џејми карагер

Џејми Карагер го уништи Мика Ричардс со клип од неговите игри во Астон Вила

Имаме ново јако видео од студиото на „Си-Би-Ес“, а овој пат мета на потсмев е Мика Ричардс.

Уште се смееме со видеово

Ова е од сезоната 2022/2023 пред Интер и Милан да се сретнат во полуфиналето од ЛШ. Го имаме објавено, ама мораме пак, во скратена верзија. Мика Ричардс, Анри и водителката му пукаат сеир на Џејми Карагер за англискиот акцент, поради кој Леао не може никако да го разбере. Мика е најјак, до солзи се смееше.

Џејми Карагер ѕвизнат со 8 пива му правеше интервју на Санчо

Ако треба да се одбере најјакото шоу на годината од Си-Би-Ес, ова е тоа. Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, синоќешното полуфинале го гледал во Дортмунд и тоа здружен со навивачите. Дупе се направил и таков се јави во живо.

Анри, Карагер, Шмајхел и Ричардс ја прогнозираат разврската во ЛШ

Заедно со водителката, ќе може да видите вкупно петмина прогнозери, почнувајќи од тоа кои ќе бидат полуфиналисти, па сè до шампионот на Вембли на 1 јуни. Шмајхел им пркоси на првите тројца, а Анри го скрати муабетот и веднаш го кажа името на новиот европски првак.

Што правеа Анри, Карагер и Ричардс годината кога се родил Јамал?

На синоќешните две осминафинални средби од ЛШ паднаа два историски рекорди. Со 16 години и 223 дена, Ламине Јамал од Барселона стана најмлад играч кој настапил во нокаут меч од ЛШ. Пепе пак со Порто стана највозрасен со 40 години и 360 дена (голманите не се сметаат). Во понеделник полни 41. А сега да видиме што правеле тројцата од насловот во 2007-ма кога се родил Јамал, како и водителката која патем „го изеде“ од секогаш расположените гости.

Анри ги вежбаше Карагер и Ричардс како да кажат Црвена Ѕвезда

Англичаните кога го преведуваат велат Red Star, а Италијанците Stella Rossa, ама фората е оригиналот да го изговориш. Анри е најблиску од сите во студио, му фали уште „В“ да го изговори кај Ѕвезда.

Карагер офкаше од мака на грешките на Алисон

На шампионот на Англија му се случи потоп дома со Манчестер Сити, а два од четирите гола кои ги примија одат директно на душа на Алисон Бекер кој реагираше како да е почетник. Џејми Карагер е хит со реакцијата за која го ремети и Невил.

Џејми Карагер уште има последици од дуелов

Поминаа преку 15 години од овој дуел. Го носеа по масери, местачи, ортопеди, ама џабе бидејќи падна, стана, па пак падна од немоќ, а кикаков ќар немаше ниту од помошта на другите двајца. Ете до толку беше јак со топка легендарниот Џанфранко Ѕола. Го испокриви човекот.

Колку треба да си кромидарник за да плукнеш девојче во фаца

Џејми Карагер е легенда на Ливерпул со 17 години стаж и 700 настапи, но и со манири на тешко сељачиште кој не го пере тоа што се јавил да се извини за крајно идиотскиот потег.

Јакиот трол на Руни за Џејми Карагер

После цели 16 години откако зборуваат за него на Monday Night Football, најпопуларното фудбалско студио во Британија, Вејн Руни гостуваше првпат и го пецна некогашниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер. „Да, секако дека се радувам што сум овде, а верувам се радува и Кара кој никогаш не стоел така близу до мене“ (играа еден против друг на времето).

Гери Невил, Карагер и Кристијан Голубовиќ

Некогашните големи ривали од Јунајтед и Ливерпул, Гери Невил и Џејми Карагер веќе неколку години важат за признати експерти во студиото на Скај Спортс. Во пресрет на дербито Манчестер Сити - Ливерпул, Гери Невил објави коментар на Твитер, а Карагер го пецна со фотографија од српскиот криминалец.

Те гризнал ли некогаш Луиз Суарез?

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер работи како стручен консултант на англискиот канал Скај и сигурно во студио му е полесно да одговара на прашањата, отколку на терен преполн со деца каде дели автограми.

Најблескавите моменти на Карагер

Одбранбениот фудбалер на Ливерпул кој вчера го најави своето пензионирање по завршувањето на сезоната, целата своја кариера ја помина на „Енфилд Роуд". Најголемиот негов клупски успех е освојувањето на Лигата на шампионите под водство на Рафа Бенитез во 2005 година.