Џејми Карагер влезе во историјата на клубот со јубилејната бројка од 700 настапи на сите натпреварувања кои ги оствари во август минатата година. Со тоа стана втор на вечната листа по бројот на настапи во Ливерпул, но рекордер со најмногу настапи за англискиот тим на европската сцена.
Ова се неговите 5 најголеми успеси во 17 годишниот престој во Ливерпул:
1.Првиот негов трофеј во неговата кариера е освојувањето на младинскиот ФА Куп во 1996 година кога во финалето со вкупен резултат на двата меча Ливерпул го совлада Вест Хем со 4:1.
2.За 17 сезони поминати во Ливерпул, Карагер успеа да постигне само 5 погодоци, но првиот му се случи токму на дебито против Астон Вила кога неговиот тим победи со 3:0.
3. 2005 година за него претставува можеби најважна во неговата кариера, затоа што Ливерпул ја освои Лигата на Шампионите, петта во својата историја. И покрај негативата од 3:0 на полувремето, Ливерпул до крајот стигна до реми и потоа победи на пенали.
4.Истата година во август Карагер се закити со уште еден трофеј. Како победник во Лигата на Шампионите, Ливерпул славеше во Европскиот Супер Куп против ЦСКА Москва која ја освои Лигата на Европа.
5. На една година пред неговото пензионирање, Карагер успеа да се израдува со трофеј кој можеби ќе биде последен во неговата кариера. На првиот настап на Луверпул на новиот стадион „Вембли", го освои Лига Купот, совладувајќи го во финалето Кардиф. Џејми Карагер го зема на теренот својот син и изјави дека тоа му бил еден од најубавите денови во животот.