Главна тема во супер интересното друштво составено од триото Анри - Карагер - Ричардс, беше Астон Вила која го изненади Баерн Минхен со 1:0.
Но на Ричардс во студио му направија не баш пријатно изненадување. Извадија графика со неговата статистика во Астон Вила каде за 4 сезони има одиграно вкупно 31 натпревар.
Ричардс практично пропуштил 142 средби поради повреди на коленото кои го мачеа, по што реши да се повлече од играње фудбал на само 31 година.
Потоа му извадија и куса компилација од неколку моменти, како лошо се позиционира во одбрана, а сето тоа го коментираше Карагер кој му даде дополнителен шмек на реметењето.
За потсетување, Ричардс играше 10 сезони за Манчестер Сити со кој ја освои Премиер лигата 2012, онаа со голот во судиско на Агуеро, кога Манчини беше тренер, како и ФА Купот 2011.
Пред да премине во Астон Вила замина на едногодишна позајмица во Фиорентина.