Таг: мика ричардс

Мика Ричардс раскажува како Салах се шлепал со него на тренинг

Има еден муабет за Игуаин, дека имал змија во џебот и додека играл во Наполи, за да не троши гориво, секој ден одел на тренинг со Пандев. Во 2015-та соиграчи во Фиорентина беа Мика Ричарс и Мохамед Салах. Смрди на истиот муабет.

Мика Ричардс доби челинџ „Една минута молчење“

Водителката му најави дека со Анри и Карагер ќе зборуваат за Брест, а тој доби задача да не зуцне една минута. Тоа подразбира и да не се смее, што е уште потешко за него.

Џејми Карагер го уништи Мика Ричардс со клип од неговите игри во Астон Вила

Имаме ново јако видео од студиото на „Си-Би-Ес“, а овој пат мета на потсмев е Мика Ричардс.

Кој игра спортска нека бега подалеку од Мика Ричардс

Анри, Карагер, Шмајхел и Ричардс пред неколку дена ја прогнозираа разврската во Лига на шампиони. Шмајхел го погоди едното полуфинале, а Мика Ричардс подобро да не се навлекува на кладилници.

Анри, Карагер, Шмајхел и Ричардс ја прогнозираат разврската во ЛШ

Заедно со водителката, ќе може да видите вкупно петмина прогнозери, почнувајќи од тоа кои ќе бидат полуфиналисти, па сè до шампионот на Вембли на 1 јуни. Шмајхел им пркоси на првите тројца, а Анри го скрати муабетот и веднаш го кажа името на новиот европски првак.

Мика Ричардс го изненади Гвардиол со прашање на хрватски

Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс се задолжени за шоу во студиото на СиБиЕс пред и после секое коло од ЛШ. Го вклучија во живо Јошко Гвардиол по што на сцена стапи Ричардс. Додуше и Карагер на крај го повтори истиот збор на хрватски, ама изговорот му беше крш.

Што правеа Анри, Карагер и Ричардс годината кога се родил Јамал?

На синоќешните две осминафинални средби од ЛШ паднаа два историски рекорди. Со 16 години и 223 дена, Ламине Јамал од Барселона стана најмлад играч кој настапил во нокаут меч од ЛШ. Пепе пак со Порто стана највозрасен со 40 години и 360 дена (голманите не се сметаат). Во понеделник полни 41. А сега да видиме што правеле тројцата од насловот во 2007-ма кога се родил Јамал, како и водителката која патем „го изеде“ од секогаш расположените гости.

Анри ги вежбаше Карагер и Ричардс како да кажат Црвена Ѕвезда

Англичаните кога го преведуваат велат Red Star, а Италијанците Stella Rossa, ама фората е оригиналот да го изговориш. Анри е најблиску од сите во студио, му фали уште „В“ да го изговори кај Ѕвезда.

Анри го испофали Леао со акцент на одличната игра во одбрана

По пласманот на Милан во полуфинале, Рафаел Леао го вклучија во студиото во Лондон каде анализа за мечот правеа Тиери Анри, Андриј Шевченко, Џејми Карагер и Мика Ричардс. Ќе падне и смеење.

10 духови во Серија А

Неколку играчи изминатово лето се вдомија по италијанските екипи, но веќе во јануари ќе треба да пакуваат куфери. Дојдоа како засилувања, не играа доволно, по што клубовите решија или да ги позајмат или да ги продаваат во следниов зимски трансфер преоден рок.