На страна лудиот спринт, Анри му рече на Леао дека му се допаднал начинот на кој се бранеле со Жиру и дека ако сакаат да стигнат далеку, мора така да се бранат.
Потоа го праша во кој момент одлучил да тргне и да му ја подаде топката на Жиру, во акцијата кога претрча тројца и која всушност беше клучна на мечот.
Португалецот одговори дека кога стигнал во шеснаесетник ја видел позицијата на голманот и сфатил дека не може да даде гол па полесно му било да му ја даде на својот соиграч.
„Имам чувство дека секогаш кога ја имаш топката и имаш простор изгледа како да им велиш на сите, знаете што, да се најдеме во шеснаесетник. Ајде кажи ако не е така“, му додаде Анри на Леао.
Потоа збор зема Карагер и го праша дали посакува голема полуфинална битка против градскиот ривал, но Леао не му го разбра прашањето и тоа два пати.
Сите прснаа од смеење на британскиот акцент на Карагер, особено Ричардс, кој не можеше да се соземе кога слушна како го изговара зборот „Интернационале“.