На видеото се слуша како девојчето вели: Ме плукна во лице.
„Бев многу бесна и разочарана што може да направи дури такво нешто. Па таа е само дете. Што направи погрешно? Ништо. Да плукнеш во некој е нешто најниско што може да постои. Одвратно е. Во толку години гледање фудбал, не сум видела вакво нешто. Па зарем не можеше да го сфати ова како шега? Разбирам ако го навредиле, ама не беше ништо“, изјава мајката на девојчето.
Карагер во неделата вечер се јавил дома кај семејството и му се извинил на таткото кој го прифатил извинувањето.
Легендата на Ливерпул се пензионираше во 2013-та година и од тогаш работи како фудбалски критичар за Скај Спорт за што заработува по милион фунти годишно. Портпаролот на Скај изјави дека тоа е неприфатливо однесување кое ќе му го пренесат директно на него.
Џејми Карагер бил повикан како гостин на данската ТВ 3 спорт за реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ меѓу Манчестер Јунајтед и Севиља, но после ова бламирање му го откажале гостувањето.