Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.
Првата вечер од последното коло во Лигата на шампионите не го стигна стандардниот просек на голови, пред сè затоа што Алисон, Силесен, Облак и другите голмани бранеа како мачки.
Борко не фати место во изборот на пет најатрактивни одбрани по првата групна фаза од Европското првенство во Полска. Го има Славомир Шмал кој му фати седмерец на Кире Лазаров, а првата позиција оди заслужено кај Густавсон кој со извонредна одбрана во финишот ја обезбеди победата на Исланд против Норвешка.
Одбраната на Арпад Штербик во дуелот со Кире Лазаров еден на еден, влезе во изборот на ЕХФ, а во оваа листа на најдобри одбрани на колото, е и онаа на Гонзало Перес де Варгаз кој го скроти ударот на Тимур Дибиров.