И тоа заборуваме за удари за кои обично велиме дека не се бранат, а уствариле не било така.
За почеток, тоа ќе го докаже голманот на Астон Вила, Том Хитон со оваа чудесна интервенција. А ќе рече човек во агол не се фаќа. Е се фаќа, без разлика што Вилијан изведе мајсторски слободен удар кој смрдеше на чист гол.
Тоа не беше сè, бидејќи на спротивната страна возврати Кепа и тоа со фантастична одбрана во 90-та. Инаку ќе беше 2:2 на крај.
Тие што гледаа Манчестер Јунајтед - Тотенхем, сигурно ја забележаа ова страшна пречка на Рашфорд.
Ама видовте ли што се случи пред тоа? Голманот прво ја чепна, инаку можеби ќе беше статива гол.
И на крај одиме во Франција на мечот ПСЖ - Нант со овој импресивен рефлекс на Кејлор Навас.
На три од овие четири јаки одбрани, топката прво ја чепка голманот па удира во пречка.