Голманишта на колото

Низа јаки, многу јаки голмански интервенции се за издвојување од колово во кое се истакнаа чуварите на головите на Сент Етјен, Лион, Атлетико Мадрид и Лацио. Која од која поубави одбрани.

Одиме прво со Ентони Лопез од Лион кој им фати три топки во една акција на фудбалерите на Сент Етјен.

Извонредно реагираше и неговиот колега од спротивниот табор Стефан Руфје откако Депај имаше убава идеја како да го совлада.

Јан Облак на дуелот против Хуеска покажа како се игра еден на еден

А Стракоша од Лацио со прст спаси чист гол против Наполи