„Срцето на едно куче" е токму она што го сугерира насловот - филм за териерот на Лори, Лолабел, како тој свири на пијано, како старее, ослепува и на крај умира. Но истовремено тоа е филм и за мајката на Лори, нејзиниот долгогодишен партнер Лу Рид, за последиците од 9/11, влијанието на NSA, и речиси сè што можете да замислите. На фестивалот имаше и посебна проекција на која локалците можеа да дојдат со своите кучиња.
Филмот почнува во откачениот, експериментален стил на Андерсон - со сон во кој таа ја раѓа Лорабел како веќе возрасно куче. Камерата ја раскажува приказната од гледна точка на кучето, но е помешана со снимки од надзорни камери и дронови. По повод новиот филм Андерсон даде интервју за Гардијан, од кое пренесуваме делови:
Ги повикувате луѓето да дојдат и да ви кажат што мислат за филмот.
Навистина уживам во коментарите. Тоа нема врска со филмот. Работата е во тоа што некој ми кажува нешто за себеси. Тоа е супер! Јас сум антрополог. Ги имаме нашите сопствени животи, и собираме информации од други извори за тоа како да го правиме тоа. Секој сака малку љубов. И малку моќ и знаење. Навистина е тешко да се научат такви работи. Во САД родителството практично не постои. Целото насочување се состои во: „Па, работите се потешки за тебе отколку за мене. Со среќа и се гледаме!".
Во филмот има доста за „Тибетантската книга на мртви" и како таа промовира да не се плаче додека се тагува.
Не сфатив, сè до овој фестивал, дека во овој филм има повеќе смрт отколку во кој било филм со сообраќајки. Сите умираат! Она што го сакам во врска со Тибетанците е нивниот фокус на главниот настан: смртта на човекот. Обидот да се разбере без самосожалување. Ме привлече тоа со неплачењето затоа што сум пуритански настроена и исполнета со вина и сомнеж. Блазеси ми! Ако ја препознаете смртта како огромен настан, пред сè во нечиј туѓ живот, тоа станува многу попрекрасно. Се почувствував среќно што ја имав таа можност.
Зошто луѓето изгледа дека никогаш не се подготвени?
Затоа што смртта е застрашувачка, затоа. Во зависност од вашиот систем на верувања, или сте избришани или носите некоја чудна круна.(...)
Социјалните медиуми создаваат чувство дека сте конструктивни иако не сте.
Тешко е да се создаде позитивна енергија. Гледав како се руши движењето „Окјупај". Постоеше сериозен напор тоа да се уништи. Луѓето се презафатени и предеконцентрирани за да го забележат тоа.
Можеби дигиталниот свет ви помага да ја одбегнете категоризацијата?
Да, и тоа е олеснување. Правам приказни, без оглед дали се тоа филмови или слики или парчиња музика.
Но ако се претворите во бренд, дали е тоа непријатно?
Екстремно. Дури и полошо е ако го рекламирате вашиот стил. Навистина е тажно. И секој на Фејсбук има некаква маркетинг завера како да си ја продаде сопствената слика.
Што им прави тоа на луѓето?
Екстремно е брутализирачки да бидеш на продажба. Тоа е едно од најлошите работи кои може да се замислат. Некој секогаш има поголем знак „плус" над нивните глави. Капитализмот е апсолутна катастрофа за човечките релации.
Во некапиталистички општества луѓето се уште ја „скенираат" просторијата на журки?
Да, ова го има кај секое животно кое живее во глутница. Ако сте куче сакате водачот да биде најсилниот и најумниот и да знае каде има храна. Делфините и луѓето се исти, но нашиот систем е многу понасилен па создава многу повеќе страв. Мислам на разликата помеѓу Њујорк и ЛА. ЛА има вуду економија. Ако работите на филм или албум кој е голем хит, или промашување, реакцијата е иста. Количеството на вложен труд изгледа дека никој не го регистрира. Во Њујорк ние сме постратешки настроени: да, не успеав но создадов нешто навистина добро. Плус сме снобови, а снобовите не сакаат промашувања.
Трејлер за „Срцето на едно куче"