Македонскиот вицешампион е веќе елиминиран во плејофот од Лига Европа. Со новиот Милан нема играчки, броеше до шест и не и остави на Шкендија ниту тронка надеж дека може нешто да направи на реваншот во Скопје. Силва и Монтоливо стрелаа по два пати, Борини и Антонели по еднаш.