Во квалификации за Лига Европа, Агим Ибраими со глава удри судија
Очајниот излет на македонскиот клупски фудбал во Европа заврши во сезона на капење. Шкендија по шокантниот пораз од 1-2 од аматерите од Луксембург, денеска во реваншот одигра само 1-1 и испадна од Дуделанж. Тетовци добија три црвени картони од кои два во самиот финиш. Агим Ибраими го чека сериозна казна од УЕФА откако со глава го удри главниот судија од Велс.