Таг: шкендија

Тепачка на Стража меѓу Балисти и Варвари

На превојот Стража попладнево жестоко се судриле навивачите на црногорскиот Будуќност и тетовска Шкендија, а крајниот епилог е десет повредени меѓу кои двајца посериозно. На Варвари удрија и Комити во Трговскиот центар во Скопје.

Мајстор си е мајстор и во македонска лига

Македонскиот Пирло за првиот дел од сезоната 2015/2016 го имаме во топ 5 фантастични варијанти. Без разлика што нашите играчи кога се местат да шутираат гледаат во багреми и згради, дечкиве на листава се цареви од прв до последен. И третолигашот Брегалница Голак се најде во друштво на Вардар и Шкендија.

Шкендија ќе патува во Шкотска, а Работнички во Естонија

По ждребот за ЛШ, во Нион беа извлечени и двојките за квалификациите во Лига Европа каде Македонија има три претставници.

Втора куп титула за Тетекс

Тажното финале пред празните трибини на Националната арена Филип II во вториот обид им припадна на фудбалерите на Тетекс кои триумфираа по изведување на пенали.

Скандалозно финале на Купот на Македонија

Завршницата на 21-то издание од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија помеѓу тетовските ривали траеше само половина час откако на два пати беше прекинато заради испадите на навивачите.

Најфудбалскиот ден ги оправда очекувањата

Барселона и Реал Мадрид ни приредија спектакуларно „Ел Класико", Милан и Интер одиграа уште едно напнато „Дерби дела Мадонина", „Ле Класик" во Франција полно со возбудувања и голови, московското дерби и припадна на ЦСКА, Порто ја продолжи мизеријата на Спортинг, Фенербахче ги декласираше комшиите, Шкендија го совлада шампионот...

УЕФА ѝ ги задржа парите на Шкендија

Поранешниот македонски шампион е еден од 23 фудбалски клубови од Европа кои ги прекршиле правилата за лиценцирање и финансиски фер плеј и не си ги добија парите од наградниот фонд на УЕФА.

Шкендија се продаде за два у кец?

Полупрофесионалците од Северна Ирска немаа победа во европско натпреварување цели 38 години, се додека не се паднаа со македонски клуб. Задоволни лица на сите страни. Некој се пласираше во следната фаза, а некој си фати во кладилница.

Играч на натпреварот: Шарко

Најинтересен момент на здодевното дерби помеѓу Металург и Шкендија беше прекинот заради влегувањето на куче на теренот.