Барселона - Реал Мадрид 2:2
Барса-Реал, односно Меси-Роналдо 2:2. 222-то „Ел Класико" заврши без победник, а повторно главната улога ја имаа Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Први поведоа гостите преку Роналдо, а со овој гол тој влезе во историјата на Ел Класико како прв фудбалер кој постигнал гол на шест средби со Барселона во серија. Постоа следеа два гола на Меси, а вториот беше маестрално ремек-дело од слободен удар, но по само шест минути Роналдо ја прекина радоста на домаќините со неговиот втор погодок за конечни 2:2.
Милан - Интер 0:1
179-то лигашко „Дерби дела Мадонина" му припадна на Интер. Тие поведоа уште во 3-та минута со голот на Валтер Самуел и тоа водство го задржаа до крај и покрај тоа што Милан имаше предност од фудбалер повеќе цело полувреме откако Нагатомо заработи два жолти за 48 минути игра.
Олимпик Марсеј - ПСЖ 2:2
Слично како на „Ел Класико" и „Ле Класик" го одлучија двајца фудбалери. Жињак од Марсеј и Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ постигнаа по два гола во првиот дел за поделба на бодовите со конечни 2:2.
Порто - Спортинг 2:0
Порто славеше против Спортинг со 2:0 на едно од трите големи португалски ривалства. Првиот гол беше мајсторија со пета на Џексон Мартинез, а победата ја потврди Џејмс Родригез од пенал.
Спартак Москва - ЦСКА Москва 0:2
Екипата на ЦСКА Москва прослави многу важна победа на гостувањето кај Спартак и докажа дека тие владеат во Москва.
Фенербахче - Бешикташ 3:0
Тимот од азискиот дел го демолираше тимот од европскиот дел на Истанбул, а првиот гол беше магија на Муса Соу.
Во Белгија, Стандард со пресврт го победи Андерлехт со 2:1, а кај нас, во дербито на колот, Шкендија го продолжи максималниот учинок на домашен тере и го победи актуелниот шампион Вардар со 2:1.