Тетекс триумфираше во 21-то издание на најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија откако беа поумешни во изведувањето на пенали.
Фудбалерите на Шкендија поведоа во 15-та минута со голот на Музафер Ејупи по одличното длабинско проигрување од страна на Положани.
Но по 25 минути игра Шкендија остана со фудбалер помалку откако судијата Ставрев го исклучи голманот Велии заради играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Од тој момент иницијатифата ја презеде Тетекс и тие во 68-та минута израмнија преку Дарко Мицевски.
Фудбалерите на двете екипи, а поседно оние на Тетекс се обидуваа да дојдат до втор погодок, но не ги искористија шансите и натпреварот во регуларниот дел заврши со резултатот 1:1.
Во продолженијата видовме по една шанса на двете страни, но резултатот остана непроменет и освојувачот на купот мораше да биде одлучен по изведувањето на пенали.
Во регуларната серија промашија Ејупи и Деспотовски, за потоа Манчевски да му го одбрани пеналот на Бериша за втора куп титула на Тетекс.