Тетекс го доби Мега Баскет со 71:65 во натпревар од третата македонска лига. Кошаркарите на двете екипи „се прославија“ не со потези на терен, туку поради групна тепачка. Инцидентот почна кога гостински играч испровоцира со нога.
Мизерната фудбалска сцена ни доаѓа од мечот меѓу Тетекс и Саса во втората лига. Идиотот фино лепо си влезе на терен, го удри силно гостинскиот фудбалер, а потоа им кидна на џандарите. Каков башибозук.
На 28 октомври, на големиот празник Света Петка, во 1988 година е основана навивачката група Војводи од Тетово. Во чест на големиот јубилеј и 30-ти роденден, Војводите премиерно го прикажаа документарниот филм.
Во финалето на Купот на ОФС Тетово, Тетекс убедливо го совлада Љуботен со 5-1, ама голот на Дејан Геровски за најстариот клуб во Македонија кој догодина слави 100 години постоење, беше во стилот на најголемите мајстори.
Тажното финале пред празните трибини на Националната арена Филип II во вториот обид им припадна на фудбалерите на Тетекс кои триумфираа по изведување на пенали.
Завршницата на 21-то издание од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија помеѓу тетовските ривали траеше само половина час откако на два пати беше прекинато заради испадите на навивачите.
Тетекс го совлада Силекс со 2:1 во дербито на дното од македонската Прва лига, а домаќините може да слават и повисока победа, но Владимир Секулоски - Љаки со ударот од белата точка за малку ќе ја префрлеше и трибината на стадионот во Тетово. Серхио Рамос може вода да му носи.