Секторот на УЕФА за финансиска контрола предводен од поранешниот пермиер на Белгија, Жан-Лук Деан соопшти дека парите од наградниот фонд за 23 фудбалски клубови се задржани од страна на УЕФА.
Еден од овие клубови е и Шкендија. Македонскиот шампион од сезоната 2010/11 минатото лето се натпреваруваше во квалификациите за Лигата на шампиони, а ова лето беше елиминиран во првото коло од квалификациите за Лига Европа.
Шкендија и останатите 22 клубови кои се под истрага ги прекршиле правилата за лиценцирање и финансиски ферплеј, односно не си ги подмириле целосно долговите кон фудбалерите, вработените, државата и други клубови.
УЕФА ќе спроведе подетална истрага, а клубовите треба да поднесат дополнителна документација до 30 септември.
Под истрага се клубовите:
Борац Бања Лука, Сараево и Жељезничар од БиХ, ЦСКА Софија од Бугарија, Хајдук и Осијек од Хрватска, Атлетико Мадрид и Малага од Шпанија, Макаби Нетанја од Израел, Флориана од Малта, Будуќност и Рудар од Црна Гора, Рух од Полска, Спортигн од Португалија, Динамо, Рапид и Васлуи од Романија, Рубин од Русија, Партизан и Војводина од Србија, Ескишехирспор и Фенербахче од Турција и Шкендија од Македонија.