На противник на Шкендија со пенкало му цртаа дрес

Имаме една тазе јака приказна од нашата женска кошарка во младинските селекции, каде кошаркарките во недостиг на дресови, носеле од мажите. На пример на нашава, на која нема да и го откриеме името и се паднал дрес до колена од Гечевски. Не знаеме што е полошо, дали тоа или во прво квалификациско коло од ЛШ, со пенкало да ти пишуваат бројка. Се работи за ТНС од Велс на синоќешниот меч против Шкендија, кој заврши 0:0.

9 јули 2025 - 08:36