Таг: тнс

Газдата на ТНС позира пред Филип Втори, а новинарот на клубот лови риба во Вардар

По 2.800 километри пат, Мајк Харис го заврши пет дневното европско патешествие. Ваков претседател на фудбалски клуб до сега сме немале во Скопје. Се качи на кола за да се слика пред стадион, а по пат се претвори и во хрватски навивач.

Што ако сум газда, од Велс до Македонија ќе шибам со кола

Фудбалерите на Шкендија за пет дена го играат првото квалификациско коло за ЛШ, а првиот човек на нивните противници е веќе на пат за Скопје. Малку им прегреа џипот по пат, ама за сега добро тераат, барем во првите два од петте дена пат кои ги испланирале. Каков шампион.

Лесна ждрепка за Шкендија во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак на денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го доби велшкиот претставник ТНС а во случај да го помине овој противник ќе игра против победникот од мечот Торпедо Кутаиси (Грузија) - Шериф (Молдавија) во второто коло.