Мајк Харис не е Ањели, Флорентино Перез или Роман Абрамович кои се движат со приватни авиони и јахти колку едно фудбалско игралиште, туку е тој е претседател на The New Saints скратенот познат како ТНС.
Се работи за најтрофејниот клуб во Велс со 12 титули кој не го дава тронот во првенството седум сезони по ред. Далеку е тоа од некој елитен клуб и елитна лига. Стадионот им собира 2.034 луѓе што значи арена Филип Втори за нив ќе биде Камп Ноу.
Додека за играчите и стручниот штаб е предвиден авионски превоз за натпреварот закажан на 10 јули, Мајк заедно со уште тројца пријатели со кола тргнаа за Скопје.
Според планот авантурата треба да им трае пет дена. Тргнаа на 4 јули што значи треба да стигнат во недела на 8-ми.
На сајтот на клубот има известување за тоа како им тече патувањето. Првиот ден успешно го поминале англискиот канал, а потоа преноќиле во Франција.
Вториот ден поминале низ Германија и го фотографирале стадионот на Баерн Минхен.
За сега нема информации за тоа како им тече денешниот ден, а вчера имале и мал застој по пат бидејќи им прегреал џипот.
The chairman’s road trip is going well so far. We think...
— The New Saints FC (@tnsfc) July 5, 2018
Latest update on our website https://t.co/uC0o4tPSbK @mikeharristns pic.twitter.com/HgydjpQ2Wf
ТНС речиси секоја година стигнува само до второто квалификациско коло за ЛШ со исклучок на сезоната 2010/2011 кога во трето беа елиминирани од Андерлехт. Минатата сезона во втората рунда се сретнаа со Ријека и загубија со вкупно 7:1.
Натпреварот Шкендија - ТНС се игра 10 јули во 20:15 часот во ист термин со полуфиналето од Мундијалот во Русија во кое ќе се сретнат подобрите две селекции од денешните дуели Уругвај - Франција и Бразил - Белгија.
Цените за билетите изнесуваат 200 денари за Исток и 400 и 600 за Север и Југ. Западната трибина ќе биде затворена.
Се читаме со најновите информации за еуротрипот на Мајк и неговите компањони, долг 2.800 километри низ седум земји. Цар.