За првиот тим на на велшкиот првак кој утревечер ќе игра со Шкендија пишувавме во петокот, но тогаш на нивниот сајт и Твитер имаше информации само за првите два од патот кој им траеше вкупно пет дена.
Мајк Харис со своите пријатели не се качи во авион заедно со играчите, туку до Македонија се реши да оди со кола.
Помина низ седум земји, а успеа да фати и атмосфера од Светското првенство и тоа онаму каде што беше најжешко, во Загреб, епиценторот на хрватскиот земјотрес кој настана поради пласманот во полуфинале.
Мајк е цар над царевите кој го избира најзабавниот можен пат до мечот на неговиот тим во квалификациите за ЛШ. Погледнете какви видеа се објавени на официјалниот сајт на клубот од Велс, кој важи за полупрофесионален.
Ladies and gentlemen, we give you the Dancing Croatian Chairman. pic.twitter.com/UnkLRxJzEV
— The New Saints FC (@tnsfc) July 7, 2018
Words escape us. Our chairman in Croatia. pic.twitter.com/dW1tREvFR8
— The New Saints FC (@tnsfc) July 7, 2018
Според планираното Мајк стигна во Скопје вчера, точно на планираниот петти ден од еуротрипот. Па време беше за ново истегнување на мускули.
After a long road trip across the continent, our Chairman has finally arrived in Macedonia.
— The New Saints FC (@tnsfc) July 8, 2018
Do we warn them or let them find out for themselves? pic.twitter.com/w7xdksrEok
Новинарот за кого ова ќе биде 13-ти меч како известува за ТНС во квалификациите за ЛШ, се пофали дека веднаш до хотелот имало река, а тој бил страствен риболовец.
Мечот Шкендија - ТНС се игра утре во 20:15 на арената Филип Втори.