Семафорот веќе ви раскажа за што сè работи, што значи нас ни преостанува само да потсетиме кој учествувал во тоа демолирање на тетовскиот ривал.
6:1 на дерби не е мала работа, особено на дерби меѓу Вардар и Шкендија каде секогаш има набој. Ова на кое ќе се потсетиме се одигра на 12 март 2013-та, кога Црвено црните итаа кон седмата шампионска титула.
Мрежата на гостите ја наполнија Ацо Стојков два пати, а по еднаш Јован Костовски, Остоја Стјепановиќ, Димитрија Лазаревски и Филип Петров.
И тоа имаме за гледање убави голови, а не на шашма. Голчиште на Стојков од 25 метри, потоа Остоја го искористи киксот на голманот и погоди скоро од пола терен, а ревијата на атрактивни погодоци ја затвори Лазаревски од слободен удар.
На кормилото се судрија Никола Илиевски Џиџи кој тогаш ја оствари првата победа за Вардар, а во спротивниот табор беше едно познато име на кое му беше селектор во репрезентација, а тоа е Артим Шаќири.
Табелата на крај