Арсенал првпат во 21-годишната епоха под Арсен Венгер испадна од ФА Купот уште во третата рунда. Такво нешто не се случуло од сезоната 1995/1996, при што „Топџиите“ во последните години се сметаат за владетели на најстарото натпреварување на светот - го освоија пехарот три пати за четири години.
Во составот на Арсенал ги немаше главните ѕвезди - Озил, Санчез и Лаказет, а дури и на клупата за резерви беа некои јуниори и деца од академијата коишто не беа спремни да ја сменат играта по измените.
„Работата е во тоа што во среда играме нов меч (со Челси). То ест ние играме во недела, во среда, и потоа пак за викенд. Многу пати се справуваме со таков календар, но не и денес. Дали беше проблемот до составот? Можно е. Но да го кривам изборот на составот не сакам“, изјавил Венгер после мечот.
Инаку дуелот со Нотингем синоќа беше првиот меч кој Венгер го гледаше од трибините поради суспензијата од три средби и парична казна од 40.000 фунти поради коментари на сметка на судиите. Синоќа многу се зборуваше и за судиските одлуки на штета на Арсенал (два пенали - двата ги реализираше Нотингем).
Венгер не сакал да зборува: „Престанав да коментирам за тоа“.
Играч на мечот беше бекот на Нотингем Форест Ерик Лихаи: тој ги постигна првите два гола за екипата (1:0, 2:1) и сакаше да шутира и пенал за хет-трик. Причината била многу интересна:
„Жена ми кажа дека ако годинава постигнам хет-трик, ќе ми купи куче. Сакав да го изведам пеналот, но Дејвид Воен ми кажа да се тргнам“, рекол Лихај во интервју за BT Sport.
Upset alert? #USMNT international Eric Lichaj heads Nottingham Forest in front vs Arsenal. https://t.co/viXWisANDn
— FOX Soccer (@FOXSoccer) January 7, 2018
Необично Лихај даде два гола во ФА Купот (до синоќа постигнал 7 гола во сите клупски натпреварувања во целата кариера), го исфрли Арсенал од Купот и нема да може да чува куче зошто не му дадоа да изведе пенал. Разбирливо, социјалните мрежи гореа синоќа, а нив ги распали токму Лихај.
Брзо после историскиот триумф напишал на Твитер: „Ми пратија видео со најдобрите моменти од мечот - благодарам. Засекогаш ќе го паметам тој момент. А сега ми треба моето куче“, напишал Ерик и ја тагирал својата жена Кети.
За време на мечот жена му била во авион и не знаела што направил мажот и. По слетувањето, телефонот и се блокирал од нотификации и пораки.
„Милион соопштенија за пропуштени повици! Пропуштив само 3 домашни меча за 6 години и баш денес ти реши да го направиш тоа. Можеби треба да одам почесто? Ова емоџи реално покажува како се чувствуам. Плачев кога видов сè“, напишала Кети Лихај на Твитер.
👀 Where did THAT come from, Eric Lichaj?! https://t.co/uxEr55dJGU
— FOX Soccer (@FOXSoccer) January 7, 2018
Во одговор и стигнале десетица твитови со барање да му купи кучи на Ерик.
Ерик Лихај е американски десен бек со полско потекло. Тој почнал да игра фудбал во системот на студентскиот спорт во САД, но во 2008 година стигнал во Велика Британија каде потпишал договор со Астон Вила.
1 - Eric Lichaj has scored two goals in a single game for the first time ever in English football. Stunned. #NFFCvAFC
— OptaJoe (@OptaJoe) January 7, 2018
По серијата позајмици и спорадични појавувања во Премиер лигата, решил да се пресели во Нотингем каде живее и игра веќе пет сезони.
Минатото лето навивачите го прогласија Ерик за најдобар играч на Нотингем Форест во сезоната 2016/2017 (дури 40% од гласовите). Лихај игра и во репрезентацијата на САД, но таму настапува непостојано.
„Пола мечеви во мојата кариера ги поминав како лев бек, пола како десен. И секогаш имам разни добри страни: лево ми е поудобно, а десно подобро работам со топката. Не знам зошто е така. До 14 години играв во нападот, а потоа дека не бев многу физички моќен, ме префрлија на крило“, искрено раскажува Ерик Лихај.
Во годината на преминот во Нотингем Форест, Ерик се оженил со Кети со која имаат две деца. Неговата сопруга е сопственик на бутикот за облека Katwalk Kouture. На почеток Кети се занимавала со мал интернет-проект, но пред неколку години бизнисот и пораснал и заедно со Ерик вложиле 3.000 фунти во простор каде претходно се продавале овошје и зеленчук.
За само пола година продавницата се проширила за три пати а во продажба имаат и детска колекција.
Наскоро се надеваат дека ќе имаат и куче...