Џим, син на Боб Бергер, за кого Лојд Рајт шест години пред ова писмо проектирал куќа, со прилично решителен тон му пишува на славниот архитект со молба, или повеќе - со барање, тој да дизајнира куќичка за неговото куче. Секако, вели, ќе му плати.
19 јуни 1956
Почитуван г-дин Рајт,
Јас сум момче на 12 години. Се викам Џим Бегер. Вие проектиравте куќа за татко ми кој се вика Боб Бергер. Разнесувам весници со што заработувам малку и штедам во банка, а имам и нешто за трошоци.
Би ви бил благодарен доколку дизајнирате куќа за моето куче, таква која лесно се гради, и која би одела со нашата куќа. Името на моето куче е Едвард, но ние го викаме Еди. Тој има 4 кучешки, или 28 во човечки години. Тој е Лабрадор ретривер. Висок е 76 сантими, а долг еден метар. Причините зошто ја сакам оваа куќичка е заради зимите. Татко ми вели дека ако вие ја дизајнирате, тој ќе ми помогне да ја изградам. Секако ќе ви платам за плановите и материјалите од парите кои ги заработувам од весниците.
Со почит,
Џим Бергер
Архитектот одговорил со учтиво писмо дека во моментот е многу зафатен, но ако Џим му пише за неколку месеци (во ноември) тој ќе стори сè што може да му помогне. Нормално, Џим не се откажал, и повторно му пишал, потсетувајќи го на ветувањето. Пусти Френк, видел-не видел, се фатил за работа, и го изработил планот. Татко му на Џим потоа ја изградил куќичката.
Сепак, Едвард не бил импресиониран, и воопшто не сакал да живее во куќичката, ни лете ни зиме. Таа конечно била срушена во 1973. Сепак останува како историски факт дека ова е најмалиот објект кој Рајт некогаш го дизајнирал. Ав-ав за тоа!