Телевизиската куќа „Бет" смислила начин како да усреќи навивач од островот кој со помош на својот домашен миленик ќе може во живо да го гледа омилениот фудбалски клуб во текот на целата сезона.
Телевизијата организирала конкурс на кои ќе може да се натпреваруваат кучиња кои изгледаат како големи љубители на фудбалот и кои со помош на слика ќе ги убедат гласачите дека се вистински фанови.
Она куче кое ќе собере најмногу гласови ќе добие сезонска карта за својот газда и заедно со него ќе може да присуствува на сите сезонски натпревари.
До телевизијата пристигнале слики од неколку стотици кучиња, но на крајот организаторите морале да направат рестрикција со тоа што најдобрите 12 ги ставиле во големото финале.
Според прогнозите најголеми шанси за победа имало кучето кое навива за Челси, затоа што сопственикот тврдел дека нема пропуштено ниту еден натпревар, а често пати го погодувал и резултатот со помош на лаење. Тој најмногу негодувал кога на екранот ќе се појавеле Алекс Фергусон и Арсен Венгер.