
Сагиер го води парагвајскиот второлигаш Клуб де Мајо. Нема освоено некои посебни трофеи, а пред да стане тренер направил солидна играчка кариера во Круз Азул.
Тоа што го прави посебен меѓу колеите во Јужноамериканскиот фудбал е што неговиот асистент е куче. Се вика Тесапара, има 10 години и не се двои од него. Тренира со играчите и седи до неговата клупа.
Во случај на победа Тесапара доаѓа на средина на теренот за да слави заедно со играчите. За тоа како е да се работи со куче како асистент, зборува и самиот тренер.

„Тесапара живее во базата на клубот, никогаш не се оддалечува од мене и кога ги заклучувам вратите за да си одам дома, таа се лути. Преку ден пак е секогаш расположена и сите ја сакаат“.
„Ме придружува на терен, во канцеларија, во ходниците и никој не сака да ја оддалечува од мене. Таа е мојот верен асистент во оваа моја тренерска авантура. Понекогаш седи со мене и на клупа, а би рекол и често. Кога влегувам на терен, не му дозволува на никој да ми се доближи, им се заканува со стегање на забите“.

Навивачите ја почитуваат, а таа го одбра својот газда како еден вид љубов на прв поглед.
„Еден ден и дадов едно парче од мојот оброк и од тогаш сме неразделни“.
Најјакото е што за време на тренинзите се обидува да ги тренира играчите.
„Таа е една од нас, неразделни и во победа и во пораз“, вели Карлос